top of page

Вардар запиша историја,падна гoлемата Барселона!

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jun 3, 2017
  • 1 min read

Вардар за прв пат во финале во ЛШ, со резултат 26-25 ја порази големата Барселона.

Натпреварот започна со украдена топка од Иха и претворена во гол за 1-0 во полза на Барселона.Грешка на Барселона и Вуко Борозан погодува за 1-1.Барселона со водство од 2 разлика 6-4.Одличниот гол на Македа постигнува 8-7 во полза на Барселона.Тајм аут за Раул Гонзалес.Израмнува Душебаев 10-10 во 22 минута.Прво водство на Вардар 12-11, одбрана на Штребик и гол на Карачич.Крај на првото полувреме 12-11 во полза на Вардар.

Во поминатите минути од второто полувреме се игра гол за гол.Фантастична игра на голманите.Сеуште нема закани од двете екипи 40 минута.Повторно 2 разлика за Вардар 19-17 во 45 минута.Уште 5 минути до крај Барселона во водство 23 спрема 22.Последна минута вардар во позитива една разлика 25-24.Кирил Лазаров биеше за 25-25, но Лука Циндриќ погоди во последната секунда и овозможи финале на Вардар.

Утре ( недела ) во 18:00 часот се игра големото ЛШ финале,а во него ќе се сретнат екипите на Вардар и Париз Сен Жермен.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page